Во рамки на спортската рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт, техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1, денеска, ќе стане збор за тркала и гуми, тв камери и мерење на време.
Тежина
Во секој момент болидите мора да тежат најмалку 702 кг (со возачот , без гориво). Проверката на тежината се прави со пневматици за суво.
Тимовите смеат да користат тег како би стигнале до бараната тежина, кој мора црвсто да е ставен на болидот и не смее да се додава и вади во текот на трката
За 2014 година беа воведени нови правила за распоред на тежината на предната и задната осовина, а оптеретувањето се мери после квалификациите. Според овие правила предната осовина мора да е оптеретена со најмалкуу 319 кг, а задната со 376 кг.
Заради зголемувањето на минималната тежина во 2015 годиниа се променија и оптеретувањата на осовините. Така предната осовина за време на квалификациите мора да биде оптеретена најмалку со 319 кг , а задната со 376. Ако ги собериме овие две тежини се добива 695 кг што остануваат 7 кг слобода во распоред на тежината. Како пример: тежината може да е распоредена од 319 кг на предната и 383 кг на задната осовина (45.44:54.56%) до 326 кг на предната и 376 на задната осовина (46.44:53.56%).
После секој од три слободни тренинзи било кој болид по случаен избор оди на мерење на тежината. Истото е важи за болидите кои учествуваат во Q1 и Q2, но оние кои учествуваат во Q3 сите одат на мерење на тежината.
Тркала и пневматици
Болидите во Фомула 1 мора да имаат 4 непокриени тркала. Сите мора да бидат направени од ист метален материјал и тоа од една од двете понудени легури од магнезиум кои ги дозволува FIA. Предните тркала мора да бидат широки помеѓу 305 и 355 мм, а задните 365 и 380мм.
Ширината на газната површина на предната гума изнесува 245мм, на задната 325 мм. За 2017 година е најавена промена со која ќе се зголеми на предните на 305 мм и 405 на задните.
Заедно со гумите тркалата не треба во дијаметар да бидат поголеми од 660 мм за суво и 670 мм со гуми за влажно патека. Мерењето се врши на пумпани гуми до 1.4 бари.
ТВ камери и мерење време
Во текот на тркачкиот викенд сите болиди мора да имаат 5 места за камери кои се користат за снимање на различни кадри од болидот.
Овие места се одредени по правила, а над отворот за вшмукување на воздух над главата на возачот обавезно се поставува камера.
Сите болиди мора да имаат и два транспордери за мерење на времето чии податоци стигнуваат до службеникот кој е официјален мерач на времето. Овие транспордери им овозможуваат на мерачите на времето посебно за секој болид и за секој круг да ги имаат официјалните времиња.
Во следниот текст од Формула 1 билтенот ќе пишуваме за спортските правила кои се многу попривлечни од текстовите кои објаснуваат што се наоѓа под шасијата.
OhridNews