Во рамки на новата спортска рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт, техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1, денеска, ќе стане збор за сигурносната опрема.

Сигурносна опрема

Сите болиди мораат да бидат опремени со противпожарен апарат кој делува во кокпитот и моторниот простор. Со овие апарати мора да управува возачот и мора да функционира дури и кога главното електрично коло во болидот е во прекин.

Покрај тоа мора да постои копче за активација на овај систем надвор од кокпитот. Неговото место мора да биде означено со биквата “Е“ во црвена боја втисната во бел круг.

Мора да постои и прекинувач во кокпитот со кој возачот може да ги прекине сите главни електрични кола. Овој прекинувач е означен на воланот со знак на гром во црвена боја, а втиснат во плав триаголник со бел раб. Исто така има и помошен прекинувач кој помошниците на патеката (скрутинерите) можат да го активираат од далечина со кука при поголеми пожари. Сместен е под главната конструкција за превртување. 

Болидите мора да бидат опремени со два ретровизори чија голема и локација мора да одговараат на строги прописи на FIA. За да се одобрат ретровизорите од FIA, се прават специјални тестови. При овај тест возачите мора да бидат седнати во кокпитот и мора да прочитаат на ретровизорот посебни букви кои се ставени на плочи и на различна далечина позади болидот.

Сигурносните ремени (појаси) се задолжителни во F1. Возачите мора да бидат врзани со два појаси преку рамениците, еден преку стомакот и два преку нозете. Ова се регулира со строги правила на FIA.

Во сигурносната опрема влегува и црвеното светло на задниот дел на болидот. Возачот е обврзан да го запали тоа светло кога прописите бараат, најчесто во лоши временски услови за да можат другите возачи да гозабележат болидот.

Кокпитот мора да биде обложен да го заштити возачот во случај на несреќа. Тоа се однесува посебно за местата околу главата, над и покрај нозете.

Во случај на потешка несреќа сите болиди мора да бидат опремени со систем за вадење на возачот од болидот заедно со седиштито. Седиштето на возачот мора да биде осигурано најмалку со два појаси кои можат да се ослободат со најстандардни алатки кои во себе ги имаат спасувачките тимови.

Тестови за сигурност

Сите болиди во F1 мора да поминат стриктни тестови за сигурност така да пред да излезат на официјални трки на патека ги задоволат сигурносните стандарди на FIA. Сите тестови се прават пред технички делегат на FIA.

Болидите мора да поминат тестови за предната страна, задната и за цврстината од страна. Најголемо внимание се посветува на сигурност на болидот на кокпитот кој треба да го заштити возачот. Она што треба болидот да го докаже е апсорпцијата на ударот така да кокпитот мора да остане целосен.

Споната на воланот (позната кај нас како баланс штангла) мора да го помине тестот на ударот кој симулира удар на главата на возачот во воланот. Таа спона мора да се деформира на начин на кој ќе се докаже дека ја амротизирала најголемата енергија на ударот, а при тоа механизмот за ослободување на воланот мора да остане исправен и неоштетен.

Тестови за превртување

Постојат два теста за превртување, примарен и секундарен. За двата важи дека наголемите отпреретувања мора да бидат применети во рок помалку од три минути, а секое оптеретување мора да трае 10 секудни. Под оптеретување деформацијата мора да биде помалку од 25 мм во примарниот тест, а помалку од 50 мм во секундарниот.

 

OhridNews