Најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“ од сабота, 28-ми мај, започнува со објавување на нова спортска рубрика „Ф1 билтен“.
Во оваа рубрика ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт. Ќе стане збор и за техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и секако ќе бидат објавувани интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1.
Во првото издание на „Ф1 билтенот“, утре, ќе стане збор за димензиите и конструкциите на Ф1 болидите.
OhridNews