Во рамки на новата спортска рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт, техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1 возбудливо, денеска, ќе стане збор за горивото кое го користат болидите.
Гориво
Болидите во F1 користат гориво со спецификации кои не се толку далеку од горивото на патничките автомобили. Правилата на FIA се децидни: мора да се користат горива кои во поголем дел се со состав како и горивата за комерцијална употреба и се забранува користење на посебни адитиви за зголемување на силата.
Горивото мора да ги задоволи сите стандарди и правила на FIA пред секоја трка. Заради тоа сите тимови мора да достават до ова тело по два одделни примероци на горивото пред тркачкиот викенд за анализа и одобрување. Но сепак FIA има право да земе примерок од горивото во секој момент од тркачкиот викенд. Сето ова во цел да се провери дали има разлика во горивото кое е доставено пред Гран При викендот и горивото кое се користи во сите сегменти од тркачкиот викенд (слободни тренинзи, квалификации и трка)
Систем за гориво и долевање на гориво
Резервоарот за гориво на болидите мора да биди направен од материјал кој ќе го одобри FIA и мора да го прозведат оние фабрики кои ќе ги одобри FIA. Тој мора да биде сместен позади возачот но пред моторот во иста референтна рамнина. Сите додатоци за горивото мора да имаат систем на автоматско затворање и не смеат да поминуваат низ кокпитот.
Резервоарот мора да биде обложен со матерјална структура која е составен дел од сигурносниот систем на болидот. Оваа структура мора да ги издржи највисоките механички оптеретувања.
Погонска единица (мотор)
Моторите во Формула 1 ги содржат следните елементи:
• Мотор со внатрешно согорување
• Турбо систем
• Резервоар на енергијата(керс)
• Контролен систем
Секој возач, ако не го промени тимот за време на една сезона има право да користи пет мотори во сезоната, со исклучок на тимовите кои се дебитанти кои имаат право на мотор плус. Секој возач има право да користи по пет единици од сите елементи од моторот. Шестиот искористен примерок веќе носи казна од десет места назад на стартот на трката во која дошло до промена. Ако се искористи седмиот носи повторно пет места назад. И со таа логика и правила понатаму следува исто.
Ако некој тим го примени возачот, новиот возач го наследува статусот на искористени елементи од претходниот возач.
Најголемата казна е да се стартува од последното место.
Според техничкиот правилник моторот со внатрешно согорување мора да има шест цилиндри со агол помеѓу редовите на цилиндрите од 90 степени, два усисни и два издувни вентили на еден цилиндар, еден турбополнач и директно (инџекшн) вбризгување на горивото.
Бројот на вртежите е ограничен на 15000 в/мин, дотокот на гориво е ограничен на 100кг/h а силата е околу 600 КС. Болидите мораат да имаат исти завршеток на системот за издувување.
Керсот мора да тежи помеѓу 20 и 25 кг. Куќиштето и блокот од моторот мораат да бидат направени од алуминиумски легури, а користење на компонзитни материјали не е дозволено.
“Радилицата” и брегастата осовина мораат да бидат направени од легури на железо, клиповите од легури на алуминиум, вентилите од легури кои се од железо, никел, кобалт или титан.
Преносен систем (менувач)
Болидите користат полуавтоматски менувач на брзините. Правилата дозволуваат максимум осум брзини за напред и една за движење за назад. Секој тим мора да има на болидот осум брзини за напред на првата трка во сезоната.
Во 2014 година беше овозможено тимовите да сменат број на преноси во текот на сезоната и тоа само еднаш. Од 2015 година пријавениот број на преноси не смее да се менува ниеднаш. (некои тимови возат со 7 преноси)
Преносот мора да стигне само до две погонски тркала кои веќе не смеат да имаат систем за контрола на пролизгувањето ( TC – Traction control) ниту пак системи кој му помага на возачот во контрола на движењето при стартот на трката.
Секој возач мора да користи менувач на шест последователни трки, а во случај на промена прано, возачот се казнува пет места поназад на стартната позиција.
OhridNеws