Како што најавивме, најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“ од денеска започнува со објавување на нова спортска рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт. Ќе стане збор и за техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и секако ќе бидат објавувани интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1.

Во првото издание на „Ф1 билтенот“, ќе стане збор за димензиите и конструкциите на Ф1 болидите.

ДИМЕНЗИИ

Димензиите на болидите во F1 се стриктнo контролирани од правилата. Болидите не смеат да бидат пошироки од 180 цм. (без гумите), а должината, висината и обликот се диктирани со други специфични параметри. Ширината на каросеријата помеѓу предните и задните тркала не смее да биде поголемо од 140 цм.

Вака стриктните правила доведуваат до појава на идентични болиди. Типичниот болид би бил долг околу 460 цм, 180 цм широк и 950 мм висок.

Со исклучок на задното крило (DRS) забранети се подвижни делови на каросеријата. Дополнителни делови или било кои системи кои би ги користеле возачате со кои би се менувале аеродинамичките карактеристики на болидот се забранети.

Болидите можат да бидат опремени со подвижен дел на задното крило кој овозможува возачот да го менува аголот на крилото (со одредни граници на движење) со што се смалува отпорот на воздухот и овозможува полесно претекнување.

Системот е познат како DRS (Drag Recution System – односно систем за намалување на отпорот на воздухот). Овој систем во трката смее да се користи после 3-тиот круг и тоа само ако на точката на детекција болидот кој е позади е со разлика внатре во една секунда од тој пред него, а потоа на посебно обележани DRS зони возачите смеат да го активираат овај систем.

На слободните тренининзи и на квалификациите возачите можат да го користат овој систем кога сакаат но сепак само означените DRS зони. Системот се активира кога возачот кочи или повторно го притисне копчето за активирање. Во дождливите трки овој систем е забранет затоа што со намалувањето на даунфорсот (downforce – силата која го прилепува болидот за асфалтот) во тие услови би можело да го дестабилизира болидот.

Во комбинација со ERS системот, DRS системот им помога на возачите при претекнување.

Некои елементи на каросеријата, како страничните завршетоци на предното крило (endplates) мораат да бидат доволно дебели за во случај на конктакт со други болиди не би ги оштетиле нивните гуми.

Каросеријата која е премногу еластична може да се користи во цел на постигнување на аеродинамичка предност. Затоа одредени делови на каросеријата, како предното крило, мораат да бидат доволно цврсти за да ги поминат сите контроли и тестови на FIA.

Заради сигурност, воланот мора да биде со механизам за брзо отпуштање како возачот би можел да излезе од болидот за време од 5 секунди.

КОНСТРУКЦИЈА НА БОЛИДОТ

Конструкцијата на болидот во F1 и материјалите кои се користат стриктно се контролирани со правила како доказ за зголемување на сигурноста во овај спорт. Главната структура на болидот се базира на најголема сигурност на кокпитот ( делот каде седи возачот) како и на резервоарот за гориво кој е сместен веднаш позади возачот. Овие два дела претставуваат една цела, но сепак еден од друг се одделени.

Оваа т.н. целина мора да ги задоволи правилата за минималната големина и пред неа да има структура за амортизација  при удар. Дизјанот на болидот исто така мора да има, додатен механизам за ваква амортизација при удар на задниот дел, позади менувачот и на страничните делови на болидот. Сето ова се проверува на „краш тест“ пред почетокот на сезоната од страна на FIA.

Исто така болидот мора да има два заштитни механизми при случај на превртување. Едниот мора да биде позади главата на возачот, а другиот пред воланот.

OhridNews