Возачот на Мекларен Луис Хамилтон и Кими Раиконен на Ферари ќе го делат вториот стартен ред. Ковалаинен во вториот Мекларен и тимскиот колега на Кубица, Ник Хајдфелд, кој зад најдоброто време доцни седум десетинки и на утрешната трка ќе стартуваат од петтата односно шестата позиција.
Јарно Трули и Нико Розберг го делат четвртиот стартен ред, а Џенсон Батон кој годинава за прв пат влезе во последната квалификациона сесија го завзеде деветото место, пред Фернандо Алонсо, кој извлече максимум од неговото Рено.
Најголемото разочарување на денешните квалификации дојде од Ред Бул. Вебер ќе стартува како единаесетти, а пласманот од третата квалификациона сесија му избега само за 0,009 секунди. Додека Култхард испадна уште во првата квалификациона сесија и се најде на седумнаесеттото место.
Г.Н. НА БАХРЕИН – КВАЛИФИКАЦИИ
П. Возач Тим К1 К2 К3
1. Kubica BMW Sauber 1:32.893 1:31.745 1:33.096
2. Massa Ferrari 1:31.937 1:31.188 1:33.123
3. Hamilton McLaren-Mercedes 1:32.750 1:31.922 1:33.292
4. Raikkonen Ferrari 1:32.652 1:31.933 1:33.418
5. Kovalainen McLaren-Mercedes 1:33.057 1:31.718 1:33.488
6. Heidfeld BMW Sauber 1:33.137 1:31.909 1:33.737
7. Trulli Toyota 1:32.493 1:32.159 1:33.994
8. Rosberg Williams-Toyota 1:32.903 1:32.185 1:34.015
9. Button Honda 1:32.793 1:32.362 1:35.057
10. Alonso Renault 1:32.947 1:32.345 1:35.115
11. Webber Red Bull-Renault 1:33.194 1:32.371
12. Barrichello Honda 1:32.944 1:32.508
13. Glock Toyota 1:32.800 1:32.528
14. Piquet Renault 1:32.975 1:32.790
15. Bourdais Toro Rosso-Ferrari 1:33.415 1:32.915
16. Nakajima Williams-Toyota 1:33.386 1:32.943
17. Coulthard Red Bull-Renault 1:33.433
18. Fisichella Force India-Ferrari 1:33.501
19. Vettel Toro Rosso-Ferrari 1:33.562
20. Sutil Force India-Ferrari 1:33.845
21. Davidson Super Aguri-Honda 1:34.140
22. Sato Super Aguri-Honda 1:35.725
Ова ќе биде четврта Гран При трка во Формула 1 на оваа патека. Должината на патеката е 5.412 км и ќе се возат 57 кругови или вкупно 308.238 км. Патеката има 11 кривини од кои 4 се леви и 7 десни.
Најуспешен возач на оваа патека е Фернандо Алонсо со две победи, а во конкуренција на конструктори по две победи имаат Рено и Ферари. Последен победник на оваа патека во 2007 беше Фелипе Маса на Ферари.
Рекордот на најбрз круг во квалификациите го држи Михаел Шумахер и беше поставен во 2004 и тој изнесува 1:30.139, а Германецот го има и најбрзиот круг за време на трка и тој изнесува 1:30.252.
На подиумот во 2007 година завршија: 1. Фелипе Маса, 2. Луис Хамилтон и 3. Кими Раиконен.
Трката започнува во Недела со почеток од 13:30 часот.
Претходни победници:
2007 – Фелипе Маса (Ферари)
2006 – Фернандо Алонсо (Рено)
2005 – Фернандо Алонсо (Рено)
2004 – Михаел Шумахер (Ферари)