Две шампионски титули и 97 подиуми се голем факт за кртитичарите на Фернандо Алонсо. Истиот тој беше учесник во Инди Кар серијата на легендарната “Инди 500“. Но моторот на Хонда откажа 21 круг пред крајот во моментите кога Фернандо имаше претензии за висок пласман. Следниот викенд шпанецот се враќа на F1 патеките за ГН Канада каде Хонда размислува но не е сигурна дали да воведе новини во агрегатот додека сето тоа не го тестира.

Конфигурацијата на патеката во Канада навестува уште еден тежок тркачки викенд за Мекларен, но Фернандо не се откажува од своите цели во F1.

“Мојот основен приоритет во Формула 1 е трета шампионска титула. Мојот втор приоритет го остварив. Учествував на “Инди“. – рече Шпанецот.

Тврди дека се` уште е среќен во натпреварите во овој спорт, но и нагласи дека му недостасува борбата со водечките ривали. Последната, втора титула, Алонсо ја освои далечната 2006 година, а критичарите го нападнаа заради одлуката од Ферари да премине во Мекларен. Но тој тврди дека досега нема грешки во неговите одлуки.

– Прочитав дека навивачите се тажни и дека сакаат да ме видат на врвот. Морам да нагласам дека секој потег што го направив и преминувањата од тим во тим го направив заради тоа што тоа го чувствував во душата. Ако се вратам назад 17 или 18 години се сеќавам како со мојот татко патував на трка на картинг во Италија. Но можеше да се случи и да работам во продавница во родниот Овиедо. Но ете сум во F1 луѓето ме поддржуваат и градам траса кон третата титула. Не се сложувам со оние кои мислат дека см направил грешки со одлуките во мојата кариера. Тврдам дека направив добар избор“. – заврши Алонсо.

OhridNews