Поранешниот светски првак, шпанецот Фернандо Алонсо триумфираше на патеката Фуџи што се возеше за Големата награда на Јапонија.

За Алонсо ова е втора победа сезонава. Покрај Алонсо на подуимот уште се искачија Роберт Кубица од тимот на “БМВ“ и актуелниот шампион Кими Раиконен од тимот на “Ферари“.

Претендентите за титулата ја продолжуваат неизвесноста. Маса по интервенција на стујартите заврши седми освојувајќи два бода. Лидерот во шампионатот Луис Хамилтон трката ја заврши на 12 место не освојувајќи ниту еден поен.

На две трки пред крајот на сезоната разликата помеѓу првопласираниот Луис Хамилтон и второпласираниот Фелипе Маса е само пет поени.

Наредната трка за една недела ќе се вози во Шангај за Големата награда на Кина.

ohridnews