Пилотот на Ферари, Феранадо Алонсо победи на трката за ГН на Кореа, која мина во неверојатни услови по дождливо време. Шпанецот во целсот го искористи лошиот ден на тимот на Ред Бул, Марк Вебер излета, додека моторот на Себатијан Фетел откажа,  и се искачи на врвот на листата во генералениот пласман.


Место на подиумот обезбедија Британецот Луис Хамилтон од Мекларен и Фелипе Маса од Ферари.

На две трки пред крајот на сезоната (Бразил и Абу Даби) Алонсо има 231 поени, 11 повеќе од Вебер на второто место со 220, додека Хамилтон е трет со 210 поени.

Ohridnews