Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен на четири круга пред крајот успеа да го помине Луис Хамилтон, но после дирекција на тимот го пушти Британецот, откако излезе патеката и ги прекрши правилата. Верстапен е лут на тимот шо не му дозволиле да вози пред Хамилтон и да проба да ја надополни казната од секунди која му се доделува на пилотот кој ќе ја напушти патеката.

Повеќе сакав да ја изгубам победата, отколку што завршив втор во ваков расплет на настаните, рече после трката Верстапен, алудирајќи на одлуката од Ред Бул.

Од тимот, пак, одговорија дека такви инстуркции добиле од директорите на трката.

Хамилтон во неизвесна и драматична трка го совлада Верстапен и победничка тргна во одбрана на титулата. Верстапен нова шанса за битка со Хамилтон ќе има за две седмици во Италија.

OhridNews

 

Хамилтон го надмудри Верстапен за победнички старт во Ф1