Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја почне од најдобрата стартна позиција, додека Светскиот Шампион од минатата сезона Кими Раиконен после проблемите со притисокот на горивото ќе ја започне утрешната трка од катастрофалното шеснаесетто место.
По откажувањето на Раиконен, на Хамилтон му остана еден претендент помалку за пол позицијата. Со време од 1:26.714 Англичанецот ја осигура својата седма пол позиција во кариерата.
Во продолжението на квалификациите “притисна“ Роберт Кубица кој во еден момент и се наоѓаше на провизорната пол позиција. Сепак Пољакот, и покрај драматичниот излет на дванаесеттата кривина кој за негова среќа заврши успешно, се избори за старт од првиот стартен ред. Неговиот тимски колега од БМВ, Ник Хајдфелд ќе стартува од третиот.
Тимскиот колега на Хамилтон, Хеики Ковалаинен, со три десетники заостанување, во своите први квалификации за Мекларен се избори за третото место. Фелипе Маса мораше да се задоволи со четвртото место и се откажа од последниот летечки круг.
Очајни беа денешните квалификации за екс двократниот светски првак Фернандо Алонсо, кој не успеа да пројде во најдобрите десетмина. 24 стотинки го делеа од К3 сесијата.
Една од звездите на квалификациите беше Себастијан Фетел од Торо Росо, стигнувајќи до десетото место, што е најдобар резултат на тимот во неговото постоење. Тимскиот колега Себастијан Бурде испадна уште во К1 сесијата и трката ќе ја почне од осумнаесеттата позиција.
Во К3 сесијата влегоа и двете Тојоти, Јарно Трули го освои шестото место, а Тимо Глок деветото, но поради промената на менувачот Германецот утрешната трка ќе ја почне од 14тото место .
Нико Розберг од Вилијамс Тојота и Дејвид Култхард од Ред Бул се пласираа помеѓу возачите на Тојота
Надежта на локалните навивачи за добар резултат на Вебер исчезнаа кога овој излета во К2 сесијата. Но, не по своја вина. Очигледно се работеше за дефект на сопирачките. Вебер трката ќе ја започне од петнаесеттата позиција.
Иако ниту една од Хондите не заврши меѓу најдобрите десет, сепак Рубенс Баричело и Џенсон Батон покажаа многу подобра форма, отколку на зимските тестирања. Тие ги зазедоа 13-тата и 14-тата позиција, пред возачот на Вилијамс Казуки Накајама. Баричело влезот во првите десет го изгуби за девет илјадити, а Батон за 86 стоти делови од секундата.
И покрај успешните настапи на слободните тренинзи, возачите на Форс Индија не успеаја да влезат во К2 сесијата. Фисикела дојде до седумнаесетото, а Сутил до деветнаесеттто место.
Нелсон Пике Џуниор повторно имаше проблематичен настап и доколку утрешната трка не му биде многу, многу подобра, Бразилецот својот прв Гран При викенд ќе може да го опише како ноќна мора. Се квалификува дури на 21-то место, а зад тимскиот колега, Фернандо Алонсо во идентичниот Р28 заостанува дури за 1,4 секунди.
Стартот на трката е во 05:30, по она што го видовме на квалификациите сигруно не очекува интересна трка!
Резултати:
Поз. | Возач | К1 | К2 | К3 | кругови |
1. | Hamilton | 1:26.572 | 1:25.187 | 1:26.714 | 14 |
2. | Kubica | 1:26.103 | 1:25.315 | 1:26.869 | 15 |
3. | Kovalainen | 1:25.664 | 1:25.452 | 1:27.079 | 13 |
4. | Massa | 1:25.994 | 1:25.691 | 1:27.178 | 12 |
5. | Heidfeld | 1:25.960 | 1:25.518 | 1:27.236 | 16 |
6. | Trulli | 1:26.427 | 1:26.101 | 1:28.527 | 17 |
7. | Rosberg | 1:26.295 | 1:26.059 | 1:28.687 | 21 |
8. | Coulthard | 1:26.381 | 1:26.063 | 1:29.041 | 18 |
9.* | Glock | 1:26.919 | 1:26.164 | 1:29.593 | 17 |
10. | Vettel | 1:26.702 | 1:25.842 | 18 | |
11. | Barrichello | 1:26.369 | 1:26.173 | 13 | |
12. | Alonso | 1:26.907 | 1:26.188 | 10 | |
13. | Button | 1:26.712 | 1:26.259 | 13 | |
14. | Nakajima | 1:26.891 | 1:26.413 | 13 | |
15. | Webber | 1:26.914 | 8 | ||
16. | Raikkonen | 1:26.140 | 3 | ||
17. | Fisichella | 1:27.207 | 9 | ||
18. | Bourdais | 1:27.446 | 10 | ||
19. | Sutil | 1:27.859 | 9 | ||
20. | Sato | 1:28.208 | 9 | ||
21. | Piquet | 1:28.330 | 6 | ||
22. | Davidson | 1:29.059 | 9 |
* Ќе стартува од пет позиции поназад поради промена на менувачот.