Г.Н. На Малезија се одржува на патеката Sepang International Circuit.

Ова ќе биде 10-та Гран При трка во Формула 1 на оваа патека.

Првата Гран При трка се одржа 17 октомври 1999 година, а победник на таа трка беше Еди Ирвајн од Ферари.

Должината на патеката е 5.543 км и ќе се возат 56  кругови или вкупно 310,408 км. Патеката има вкупно 15 кривини од кои 5 се леви и 10 десни.

Најмногу победи на Г.Н. На Малезија има Ферари 4, а најуспешен возач е Михаел Шумахер со 3 победи. Последен победник на оваа патека во 2007 беше Фернандо Алонсо во Мекларен Мерцедес.

Рекордот во најбрз квалификациски круг го држи Михаел Шимахер во Ферари, а го  постави во 2004 и тој изнесува 1’33”074, додека најбрзиот круг во трката го постави Хуан Пабло Монтоја исто така во 2004 возејќи за Вилијамс БМВ, а тој иснесува 1’34”223.

Подиумот минатата 2007 изгледаше вака: 1. Фернандо Алонсо, 2. Луис Хамилтон и 3. Кими Раиконен.   

Квалификациите за Г.Н. На Малезија се во сабота во 07:00 часот по Македонско време, а трката е во недела во 08:00 часот по Македонско време.

Претходни победници:
2007 – Фернандо Алонсо (Мекларен)
2006 – Џанкарло Фисикела (Рено)
2005 – Фернандо Алонсо (Рено)
2004 – Михаел Шумахер (Ферари)
2003 – Кими Раиконен (Мекларен)
2002 – Ралф Шумахер (Вилијамс)
2001 – Михаел Шумахер (Ферари)
2000 – Михаел Шумахер (Ферари)
1999 – Еди Ирвајн (Ферари)

Илија Moјсоски