Германското семејство Неубаум од Емшдетен слушнало врисоци и се преплашило мислејќи дека во нивниот подрум има провалник. Меѓутоа се шокирале кога откриле дека буката ја правел еден мал еж. Претходно повикале полиција уверени дека животот име во опасност.
Полицијата го пронашла несреќниот еж заглавен во чаша од јогурт. Не можел да се ослободи без нечија помош. Според вревата која ја кревал, и која била зголемена поради ехото од чашата секој би помислил дека станува збор за човек.