ГРК Охрид ја совлада Струга со 31:24 (15:10), во езерската пресметка, што поради владините мерки за заштита од ширење на корона вирусот, се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“ без присуство на публика.
Најефикасен во редовите на победникот беше крилниот игреач Бобан Блажески со 9 гола, Мартин Иваноски и Никола Ристески постигнаа по 4. Кај стружани најмногу голови постигна Цветан Кузманоски – 7.
По 16 одиграни кола во машката ракометна Супер лига, Охрид е на второто место со 40 бода, еден помалку од водечкиот Металург кој вечерва се среќава во Пелистаре во Битола. Екипата на Струга пак, е на претпоследното место на табелата со само 4 освоени бода.
OhridNews