Случаен минувач во текот на вчерашниот ден забележал како товарно возило со струшки регистарски таблички се ослободува од градежен шут во населбата Далјан, на потегот помеѓу Феријалниот сојуз и Извиднички.

Ова е само последен во низата лоши примери во кои, често предничат неодговорни градежни компании, но и поединци, кои од градежниот шут се ослободуваат кај ќе стигнат. За жал, во голем дел тој завршува на самиот брег на 3,5 милиони старото Охридско Езеро, заштитено од УНЕСКО.

И покрај секојдневните сведоштва за непримерно однесување и загадување на животната средина, прекршителите минуваат неказнето. Нема информации дека некој бил санкциониран, убаво олеснет по џебот, што вели народот, за пример на сите, како не треба и што ќе се случи доколку се загадува животната средина. Од друга страна повеќе од потребно е и надлежните најитно да обезбедат простор за соодветно одлагање на градежниот шут и друг кабаст отптад, со цел тој да завршува таму каде што му е местото, на депонија, а не во природата.

Г.М.