Охрид е кошаркарски владател на бреговите на Охридското Езеро. Во соседското дерби во рамки на Втората лига, попладнево КК Црн Дрим – ГКК Охрид 55:71.
Стружани пружија силен отпор во Езерското дерби само во првото полувреме, кое го добија 32:30. Во вториот дел Охрид потполно издоминира на паркетот и славеше убедлива победа.
Во следното колко Охрид се среќава со Работнички. Тоа ќе биде дуел и на татковци и синови. Кој ќе биде подобар, младоста или искуството, останува да видиме.
OhridNews
Фото: Архива