Фудбалерите на Охрид минимално го совлада Караорман во Езерското дерби кое се одигра денеска, откако мечот првично закажан за 19 август во последен момент беше одложен за да се зачува теренот на СРЦ Билјанини извори за мечот од квалификациите за Конференциската лига на Струга Трим и Лум.
Охрид доминираше во текот на целиот натпревар, а победничкиот гол домашните го постигнаа во 78. минута по одличната асистенција на младиот Лео Андрески за стрелецот Алтин Лога. И двајцата во игра влегоа од клупата за резервни играчи.
По три одиграни кола Охрид е седми со 4 бода, а Караорман десетти со 3. На табелата во Втората фудбалска лига со максимален учинок водат Беса, Пелистер и Кожуф.
Г.М.