Фудбалерите на Охрид забележаа вредна победа во 8 коло од Втората лига.

Попладнево на СРЦ Билјанини извори,  Охрид во Езерското дерби го совлада Караорман со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Роберт Митeв, во последните секунди од првото полувреме.

.Караорман во второто полувреме се обиде да притисне, но Охрид со мудра игра одолеа на сите предизвици.

Со оваа победа Охрид го прескокна Караорман на 7 место на табелата .

Г.М.