Охридските фудбалери, утре во 14 часот, ќе одиграат нов контролен натпревар во рамките од подготвителниот период. Ривал на охриѓани ќе биде струшки Караорман.

Популарното „Езерско“ дерби ќе биде одлична можност за стратегот на Охрид Драган Бочески за нови комбинации и ротација во охридскиот состав.

„Рибарите“ во досегашните тест натпревари бележат позитивни резултати. Фудбалерите на Охрид славеа против Јагодина 2-0, ремизираа со Ренова 2-2, а при водство од 1-0 во финишот беше прекинат мечот со Струга Трим Лум. Единствен неуспех до сега е поразот од Пелистер 2-0.

Во периодов кој следува Охрид ќе одигра тест средби со второлигашите Дрита, Велазерими и Велешта.

OhridNews