Со натпреварот меѓу „езерските“ ривали, Охрид и Караорман на Атина Бојаџи в сабота во 13 часот ќе се спушти завесата во Третата македонска фудбалска лига.
Дерби средбата во Охрид ќе се одигра во рамките од последното коло во есенската полусезона која понуди допадлив фудбал и многу голови.
Во мечот, Охрид влегува од третата позиција додека Караорман од долниот дел на табелата, но местото на табелата и скорот никогаш не играле никаква улога во „езерските“ пресметки.
Двојки: Пролетер – Кораб, Могила – Кравари, Струга Трим Лум – Преспа, Влазними – Сатеска, Охрид – Караорман, Фљамуртари – Лирија, Велешта – Лабуништа.
Табела: Лабуништа 26, Кравари 24, Охрид 22, Струга Трим Лум 21, Кораб 19, Лирија 17, Преспа 16, Пролетер 16, Фљамуртари 15, Влазними 15, Караорман 13, Велешта 13, Сатеска 12, Могила 6.
OhridNews