„Езерското“ дерби помеѓу Караорман и Охрид кое ќе се одигра во Струга ќе ја спушти завесата во Третата македонска фудбалска лига.
Струшките фудбалери само теорија ги спасува од испаѓање, додека охридските бели од поодамна го обезбедија опстанокот во дебитанската сезона во третолигашкото друштво.
Лидерот на табелата Струга Трим Лум со бод на гостувањето во Ресен кај составот на Преспа и математички ќе ја осигура првата позиција која им носи пласман во Втората лига.
Двојки: Кораб – Пролетер, Кравари – Могила, Преспа – Струга Триум Лум, Сатеска – Влазними, Караорман – Охрид, Лирија – Фљамуртари, Лабуништа – Велешта.
Табела: Струга Трим Лум 56, Лабуништа 53, Кораб 49, Кравари 41, Охрид 37, Преспа 35, Лирија 31, Влазними 29, Велешта 29, Фљамуртари 28, Сатеска 28, Могила 27, Караорман 24, Пролетер 22.
OhridNews