Ракометарите на Охрид, утре на домашен терен во 18:30 часот против „езерскиот“ ривал Струга ќе ја одиграат последната тест средба во подготвителниот период.
Стратегот на Охрид, Раде Стојановиќ на генерлката со Струга ќе ги испроба последните комбиинации пред стартот на сезоната во македонскиот ракомет. „Гладијаторите“ во текот на подготовките учествуваа на струшкиот турнир каде завршија на четвртата позиција и одиграа уште четири контроли со екипи од Македонија во Охрид.
Новата сезона во Супер лигата стартува следниот викенд. Има најави за играње во забрзан ритам петок-понеделник со кои првиот дел од сезоната ќе се одигра во два месеци. Тестовите за ковид -19 и котизација финансиски ќе бидат покриени од Ракометната федерација на Македонија.
OhridNews