“Езерското дерби“ ќе биде последниот тест за “Билјанини Извори“ пред стартот на Европското Првенство во вторник.
Натпреварот кој ќе се игра во понеделник, ќе биде искористен да се проверат сите технички услови кои треба да ги исполнува спортската сала.
Свеченото отворање на ЕП ќе биде во вторник на 2 декември.
Во Охрид во Б групата ќе играат Норвешка, Шпанија, Португалија и Украина, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат , Русија, Шведска, Белорусија и Австрија.