Време е за ново Езерско дерби. Ракометарите на Охрид во сабота ја пречекуваат екипата на Струга. Императив е победа, а играчите се подготвени да дадат се од себе да ги израдуваат охриѓани, велат од ГРК Охрид.

Нема да биде лесен натпревар, но сакаме да победиме во Езерското дерби и да ја израдуваме нашата публика. Желба ни е да ги добиеме преостанатите натпревари од регуларниот дел на сезоната и да влеземе во плеј-офот со победниќка серија, што ќе биде одлично за екипата, вели ракометарот Халил Озтурк.

ГРК Охрид на табелата е на четвртото место со 21 бод, додека РК Струга е петти со 16 бода.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews