Годинава на сите полиња во ракометот се разгори ривалството помеѓу соедните градови Охрид и Струга. После сениорско и младинско дерби во машка конкуренција на ред дојде пресметката кај девојките помеѓу Лихнид и Стружанка во рамките од Младинската лига во нашата земја.
„Езерското“ дерби во осмата рунда закажано е во 19 часот и 15 минути во СРЦ „Билјанини Извори“. „Китовите“ пресметката со Стружанка ја најавија со триумф (27-15) на гостувањето кај Кузман Вардар Илинден, додека стружанки на домашен терен ја совладаа екипата на Гевгелија со 29-22.
На табелата Стружанка има шест бодови повеќе од охридскиот состав, а дербито за „китовите“ е последен воз за замешување на четирите места на табелата кои водат на завршниот турнир.
Да биде овој викенд во ракометот ќе се погрижат уште два спортски настани. В сабота со почеток во 11 часот во спортската сала во Велгошти ќе се одигра мечот помеѓу РК Сани и РК Пелистер во пионерска конкуренција, а во истиот ден во 13 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, РК Охрид силите ќе ги одмери со РК Еурофарм Работник во истата лига.
Ракометниот викенд требаше да се заокружи со мечот помеѓу Охрид и Борец во Супер лигата, но велешани се откажаа од понатомошно натпреварување и го ставија клубот на мирување.
OhridNews