Во  рамки на 16-то коло од Втората кошаркарска лига, денеска езерско кошаркарско дерби. ГКК Охрид го пречекува тимот на КК Црн Дрим Струга.

Езерското дерби со нетрпение го чекавме цела сезона да го одиграме на домашен терен против екипата на КК Црн Дрим-Струга и да покажеме втора година по ред кој е на врвот во ова дерби, велат од ГКК Охрид.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да дојдат и да им пружат поддршка на кошаркарите. Натпреварот е со почеток 15 часот кога сите патишта водат во спортска сала “Билјанини Извори”.

 

OhridNews