Во рамки на 23 коло од Втората фудбалска лига, денеска во Струга се игра Езерското дерби помеѓу Караорман и Охрид. Двете екипи со оптимизам влегуваат во натпреварот кој со нетрпение го очекуваат обата табора. И едните и другите најавуваат атак на бодовите.
Натпреварот се игра на стадионот на Караорман со почеток во 15 часот, а посебен шмек ќе му дадат навивачките групи на двата тима. Рибари на дерби средбата ќе пристигнат по воден пат и најавија спектакл на Охридското Езеро. Ривалството помеѓу нив и струшките навивачи Паткари е подеднакво интересно како и случувањата на теренот.
Во истиот термин на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид Воска Спорт ја пречекува екипата на Беласица.
Г.М.