Езерско дерби за крајот на првата полу-сезона за охридските кошаркари. Во рамки на 11-коло од Втората лига ГКК Охрид утре ја пречекува екипата на КК Црн Дрим од Струга.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 16 часот.

Охрид на табелата е на 6 позиција со 15 бодови, извојувани 5 победи и 5 порази.

Н.С.Ј.