Љубителите на ракометот ќе уживаат во уште едно Езерско дерби, овојпат во суперлигашкиот плеј-оф. Во редовите на „Гладијаторите“ владее оптимизам пред средбата со секогаш незгодната Струга.

Во сабота го играме Езерското дерби. На гости ни доаѓа екипата на Струга која е незгодна и не е за потценување. Се надеваме дека со квалитетна игра ќе стигнеме до нова победа и бодовите ќе останат во Охрид, вели бекот Горан Крстевски.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews