Новата сезона во ракометната Супер лига стартува на 9. септември со Езерското дерби Струга – Охрид. „Гладијаторите“ се свесни за предизвикот и значењето на мечот во кој влегуваат мотивирани успешно да го почнат првенството во кое ГРК Охрид има високи амбиции.
Од натпреварот со Струга очекувам силна, машка борба. Сите знаеме од какво значење е ова дерби меѓу Охрид и Струга. Мечот сигурно ќе биде тежок, но ќе дадеме се од себе да го испочитуваме договорот од нашата соблекувална и бодовите одат со нас во Охрид!, вели десниот бек на ГРК Охрид, Дејан Шешиќ.
Натпреварот се игра во салата „Нико Нестор“ со почеток во 17 часот.
OhridNews