Ракометарите на Охрид и Струга, утре (петок), во рамките од 12-та рунда во Супер лигата ќе одиграат ново дерби, во спортската јавност популарно како ознато како „Езерско“.

Двете екипи влегуваат со ист императив-победа. Струга со ветар во грб од триумфот на гостински терен кај Голден Арт КЛ7, додека Охрид сигурен и мотивиран, после победата во дербито со Пролет и задржаниот максимални ефект во суперлигашкото друштво.

На стружани им е потребна една победа и математички да го обезбедат местото во плејофот. А, сигурно, нема поголема желба и волја, тоа да го направат против големиот и поквалитетен ривал, Охрид.

„Гладијаторите“, пак, сезонава покажуваат квалитет каде и да играат. Избраниците на Раде Стојановиќ газат се пред себе, а, шлаг на тортата во овој дел од лигата ќе биде гостински триумф во Струга.

Вистинската штета ќе бидат празните трибини, бидејќи не избежен декор на дерби пресметките, помеѓу Охрид и Струга се навивачите групи „Рибари“ и „Паткари“.

Утрешниот натпревар се игра во Струга, во салата „Нико Нестор“, со почеток во 17 часот.

OhridNews