Ракометарите на Струга водат на полувреме во Езерското дерби со Охрид 12:10.
Стружани подобро го отворија мечот. Поведоа со 4:2, на што Охрид возврати со серија од 0:2 за израмнување. Од тој момент се играше израмнето, гол за гол, се до финишот кога по серија грешки на охриѓани Струга се одлепи на +3 за водство од 12:9. Охрид до полувремето успеа да намали на 12:10.
Натпреварот Струга – Охрид од 6 коло во Супер лигата се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга.
Г.М.
Фото: А. Момироска