Во среда (утре) со почеток во 19 часот и 30 минути во СРЦ „Билјанини Извори“, младинците од Ракометниот клуб Охрид против своите врсница од Струга ќе го одиграат последниот натпревар во Младинската лига.

„Езерското“ дерби во младинската категорија има шампионски шмек. Подобриот од дерби пресметката во Охрид ќе се закити со титулата есенски шампион во една од двете групи младински лиги во нашата земја.

Во дербито, Охрид влегува со максимален ефект од шест победи на шест натпревари, а Струга покажа дека е ранлива, откако претрпе пораз од Работнички.

OhridNews