Охриѓани и љубителите на ракометот и спортот воопшто, денеска ќе имаат можност да гледаат езерско дерби овој пат меѓу Охрид и Струга во помладите категории.

Пионерската екипа на Охрид на домашен терен од 17 часот го пречекува тимот на Јуниор Ивни од Струга со кој ја дели првата позиција на табелата.

Императивот во двете екипи е многу голем исто така и влогот, бидејќи победникот од овој дерби натпревар сезоната ќе ја заврши на првата позиција на табелата.

Првиот меч меѓу двете екипи заврши без победник 22-22 што гарантира квалитетен и неизвесен натпревар.

OhridNews