Со пресврт во второто полувреме Охрид на гости ја совлада Струга 22:24, полувреме 12:10, во 6 коло од ракометната Супер лига.
Стружани одиграа за нијанса подобро во првото полувреме. Бодрени од домашната публика подобро и го отворија мечот. Поведоа со 4:2, на што Охрид возврати со серија од 0:2 за израмнување.
Од тој момент се играше израмнето, гол за гол, се до финишот кога по серија грешки на „гладијаторите“ Струга се одлепи на +3 за водство од 12:9. Охрид до полувремето успеа да намали на 12:10.
Во вториот дел Охрид ја бркаше и успеа да ја стигне разликата. Но Струга не попушташе. Извесен период домаќините ја одржуваа предноста од +2, но следеше израмнување 15:15.
И повторно резултатска клацкалка се до резултат 19:18 за Струга. Но, завршната четвртина од мечот целосно му припадна на Охрид кој со серија од 0:4 го презеде водството и не го испушти до крај.
Најефикасен во редовите на Струга и воопшто на мечот беше Бобан Блажески со 8 гола, Ненад Костоски постигна 5. Во победничката екипа Дејан Шешиќ постигна 6, Халил Озтурк 5, а Тоше Ончев и Владимир Бојаниќ по 4 гола.
Со победата во Езерското дерби Охрид ја прескокна Струга на супелигашката табела и сега е 4ти со 9 бода. Струга остана на 7.
Во следното коло кое на програмата е после паузата поради ЕХФ неделата, ГРК Охрид на 23 октомври во Охрид ја пречекува екипата на Вардар Неготино.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Охрид со пресврт славеше во Струга
Г.М.
Фото: А. Момироска