Фудбалерите на Охрид Лихнидос денеска (недела) на СРЦ “Билјанини извори” во Езерското дерби што се игра во рамки на Втората лига, го пречекуваат Караорман од Струга.

Фото архива.

Во мечот двете екипи влегуваат со победи остварени во заостанатите мечеви ш-то се одиграа на 12 октомври. Охрид ја совлада екипата на Детонит со 2:0, а Караорман на гости беше подобар од Кожуф 0:2.

Езерското дерби почнува во 14 часот.

Охрид и Караорман се израмнети на табелата. Двете екипи имаат по 10 бода и се на делба на 7 место.

OhridNews