Денеска на СРЦ Билјанини Извори се игра одложениот натпревар од 2 коло во Втората фудбалска лига помеѓу Охрид и Караорман. Езерското дерби почнува во 16 часот
Езерското дерби помеѓу Охрид и Караорман требаше да се одигра на 19 август, но 24 часа пред закажаниот термин, Фудбалската фдедерација на Македонија, без соодветно објаснување, го одложи Езерското фудбалско дерби.
Неофицијално причината беше да се зачува тревникот за европскиот натпревар на Струга Трим и Лум што требаше да се одигра на „Билјанини извори“, што пак предизвика лавина реакции во јавноста и кај симпатизетите на Охрид и Караорман.
OhridNews