Целта на заедничките патроли е поттикнување на соработката помеѓу полицииите и борба против организираниот криминал, ни изјави Горан Достиноски, командир на ПС Охрид. Според Достиноски безбедносната состојба на Охридското Езеро е стабилна. „Најголем проблем претставуваат риборкрадците бидејќи во Албанија не постои забрана за риболов и често се случува албански рибари да влезат во македонските територјални води и обратно, а во лето се случува граѓани од Македонија да залутаат во Албанија“, вели Достиноски.
Горан Достиноски
Според Сали Горица од езерската полиција на Албанија, заедничките патроли ќе придонесат да се спречи илегалното преминување на границата преку вода и за намалување на недозволената трговија со луѓе и добра .
Сали Горица
Во 2007 година Езерската полиција во Охрид регистрирала 3 случаи на нелегално преминување на границата, додека оваа година не бил регистриран ниту еден таков случај.
Започнаа заедничките македонско-албански полициски патроли