Денеска во Центарот за културата Григор Прличев во Охрид започнуваат третите „Езерски средби“ меѓу продуценти од балканските земји и Франција. Овие средби се дел од овогодинешната програма на Фестивалот на француски филм.

Организаторите велат дека  целта на средбите е да се воспостават и зацврстат врските меѓу филмските претставници на земјите од Балканот и да се поттикне копродукциска соработка. Четворица наши продуценти, петмина продуценти од Србија, по еден продуцент од Хрватска и од Романија и по двајца од Турција и од Бугарија до 1 јули ќе имаат можност да разговараат за своите проекти со седум француски продуценти. Меѓу поканетите продуценти од Франција се Ерик Поршер, Жан-Клод Бенекс, Клер Марке, Жан-Франсоа Лепети. Од нашата земја учествуваат Роберт Насков, Слаѓана Митриќеска, Калина Кузмановска и Кузман Кузмановски.

OhridNews