Вчера во времето од 20,30 до 22,30 часот од страна на полициски службеници од станицата за ОДГ„Езерска контрола“-Охрид пронашла 10 рибарски мрежи со улов на пастрмка и белвица со вкупна тежина од 1,1 килограми.

Мрежите се пронајдени  наспроти струшкото село Радожда, на оддалеченост од 100 метри од брегот на езерото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

извор:МВР