Езерската полиција во контрола што викендов била извршена на Охридското Езеро, во реонот на с.Радожда-Струга на околу 100 метри од брегот пронашла тринаесет рибарски мрежи со должина од по 50 метри, во кои имало  уловено  четири парчиња риба (охридска пастрмка и клен).

Пронајдените мрежи биле  запленети и заедно со уловот биле донесени во полициската станица за понатамошна постапка.


полицијата заплени 13 рибарски мрежи

На 1 јануари Езерската полиција со палење уништи речиси 900 рибарски мрежи и друг риболовен алат кои биле запленети во текот на 2007 година.

Г. Момироски