Во Езерската полиција во Охрид,  беа уништени над 800 рибарски мрежи и друг риболовен алат кои биле запленети во рамки на активностите за заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро.


уништени над 800 запленети мрежи и друг риболовен алат

Полицијата против 6 лица кои биле фатени на лице место како вршат незаконски риболов поднела 6 кривични пријави, а запленети биле и нивните чамци.


акцијата ја следеше министерката Јанкуловска

На уништувањето на запленетиот рибарски алат присуствуваше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која информираше дека поолицијата ги презема сите мерки за спречување на незаконскиот риболов на Охридското Езеро.

Г. Момироски