Регионалниот центар за гранични работи Запад, од почетокот на оваа година до денеска, спроведе низа мерки и активности со цел откривање и спречување на прекуграничен криминал по вода, незаконит риболов, како и откривање на прекршоци од Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена заплена на разновиден риболовен алат и нелегаlно уловена риба, информира СВР Охрид.

Како резултат на извршени 17 патролни служби (самостојно и заеднички со Државниот инспекторат за земјоделство), откриени се 4 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, пронајдени се 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1800 метри, 150 парчиња риба (охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 килограми.

По расчистување на случаите и нивно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Риболовниот алат е одземен и донесен во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор“ Охрид, соопшти СВР Охрид.

OhridNews