Седмата рунда од ракометниот прволигашки шампионат ја носи еден-два пресметката помеѓу лутите ривали Охрид и Струга.


 

Во дерби мечот од есенската полусезона домаќините влегуваат како лидери со еден пораз во шести одиграни меча. Гостите од другата страна на езерото ќе допатуваат на крајбрежјeто со низа од три победи.


Мотивот во никој случај не е тоа што недостига кај двата тима,  во домашниот табор  сите се орни и желни да го победат лутиот ривал, додека силно мотивираните охриѓани ќе напаѓаат од сенка и без своето крило Аце Трифуноски.


На плеќите на домаќините е епитетот “фаворит“, но и притисокот од победа за да се одржи водечкиот чекор. Охриѓани патуваат релаксирано и со желба да се надигруваат на паркетот во “Нико Нестор“.

Посебен декор на оваа пресметка се очекува да им дадат и навивачките групи кои доста често се во главна улога на дерби мечевите.


Најчесто “пресметките“ на трибините  се граничат со работ на прекин, а она на што треба да поработат навивачите е креативност. Тие наместо да го бодрат својот тим, најчесто се фокусирани кон навредување на спротивниот табор притоа не бирајќи зборови и средства, што секако не е за пофалба.

Новото дерби се очекува да биде ракомет за вистинските грумани. Тоа е закажано за сабота од 16.30 минути со салата на СОУ “Нико Нестор“.

М.Постоловски