Викендов на програмата е уште едно Езерско дерби, овој пат ракометно во кадетска конкуренција. Во рамки на 8 коло од младинската лига, надежите на ГРК Охрид, денеска (сабота), ја пречекуваат кадетската екипа на РК Струга.

Со победа младите ракометари на Охрид ќе се зацврстат на првата позиција во групата Б.

Натпреварот ќе се одигра вo спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

OhridNews