Нивото на Охридското Езеро е стабилно и денеска е на исто ниво како вчера, односно се наоѓа на 24 сантиметри над дозволената кота,  соопшти Министерството за транспорт и врски.

Од таму информираат дека испустот во реката Црн Дрим кај Струга е 70 метри кубни во секунда и поради тоа,  во наредните денови се очекува, нивото на езерото да бележи нов тренд на опаѓање.

OhridNews