Минатонеделниот еколошкиот инцидент кога во Охридското Езеро се излеа нафта не предизвика поголемо загадување, покажале резултатите од испитувањата на квалитетот на водата во централното градско подрачје.
Според неа среќна околност е што Охридското Езеро има голема моќ на самопречистување, но вакви инциденти можат да го загрозат екосистемот и живиот свет во Езерото.
– На овој инцидент сепак треба да се гледа како на алармантен потег на несовесен граѓанин, што се дрзнал да истури нафта или дериват во езерото, бидејќи поголемо количество такви материи истурени во езерото секако би имале негативни последици по екосистемот, предупреди Локоска.
Во меѓувреме општинскиот комунален инспекторат продолжи со проверка на шахтите од атмосферската канализација, но засега не може да се утврди кој е изворот на загадувањето.
– Најверојатно е дека се работи за поединец односно физичко лице, кое истурило дериват директно во атмосферската канализација, на што укажуваат пронајдените траги од нафтени деривати во четири шахти лоцирани во непосредна близина на централниот дел од Кејот на езерото, истакна Танас Танасоски, раководител на Комуналната инспекција.
Минатата недела Комуналната инспекција поднесе Кривична пријава против непознат сторител, а надлежните служби најавуваат дека истрагата ќе продолжи со цел да се открие причинителот на загадувањето на Охридското Езеро, што негативно ќе се одрази како на животната средина, така и на имиџот на градот пред претстојната туристичка сезона.