Ветрот кој вчера попладне го зафати Охрид, предизвика големи бранови на Охридското Езеро, кое по речиси една недела мирување повторно почна да прави штети. Иако ветрот не беше толку силен, разбрануваната и надојдена вода, вчера во попладневните и вечерните часови буквално се излеваше на градскиот кеј и го оштети на неколку места. Покрај тоа што беа поткопани делови  од потпорниот бетонски ѕид на кејот, силните бранови, на неколку места ги имаат оштетено бекатонките плочи кои се расфрлани наоколу. 


Езерото  го поткопа градскиот кеј

OhridNews