Езерото Маракаибо е единственото место на светот каде изреката „гром никогаш не удира два пати на исто место“ не важи. Кога ќе падне ноќ, започнува своевиден природен спектакл во кој илјадници молњи полни девет часа ги осветлуваат ова езеро во Венецуела. На местото каде реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо, просечно 260 дена годишно се одвива феноменот познат под името „Светилникот Маракаиба“. Во тие ноќи, небото над езерото полни девет часа го осветлуваат илјадници молњи. Езерото има свое место и во Гинисовата книга на рекорди. Тоа е апсолутен рекордер со 250 громови по квадратен километар кои годишно удираат во ова единствено место на нашата планета.
Најсушни периоди се јануари и февруар, додека овој пририден спектакл својата кулминација ја доживува кон средината на октомври. Тогаш во просек 28 молњи затреперуваат во само една минута. Експертите со децении се обидуваат да ја одгатнат причината на овој природен феномен. Во 1960 година понудено е објаснување дека громовите се привлечени од ураниумот кој е наталожен под езерото, додека во поскоро време преовладувало мислење дека главен виновник е високата спроводливост на воздухот на езерото кој е богат со метан. Меѓутоа, и оваа теорија е отфрлена. Научниците засега немаат објаснување што го предизвикува овој феномен, единствено се сложуваат дека се работи за широк спектар фактори, како што е количеството врнежи, планинските венци, климата, температурата итн, кои заедно во комбинација ствараат погодна почва за овој молскавичен спектакл.