Едно од езерата на Титан, сателит на планетата Сатурн,  ќе биде именувано Охридско Езеро. Планетарумот при Младинскиот културен центар во Скопје денеска соопшти дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем.  


Езеро на сателитот Титан ќе се вика Охридско Езеро

Езерото на единствениот сателит во сончевиот систем кој има атмосфера има пречник од 17,3 километри. На површината на сатурновата месечина откиени се повеќе езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедура за нивно именување.

OhridNews